Граѓаните на Скопје од денеска имаат можност да се рекреираат на првата тартан патека што е оформена околу малото езеро во вториот дел од Градскиот парк, во еден од најживописните делови на паркот. Патеката е наменета за сите граѓани, а не само за професионалните спортисти.
Скопје е град на солидарноста, затоа и ние денеска да бидеме солидарни, порача заменик градоначалникот на Град Скопје, Енвер Малиќи на денешната иницијатива покрената од Паркленд групацијата „Преј фор Албаниа-донирај“.
Овој петок во Рамстор Мол се организира шопинг лудило и многу забава по повод Black Friday. За сите вас, обезбедивме големи попусти во речиси сите продажни места кои ќе достигнат до 80%.
Изречени се повеќе глоби и забрани за утврдени инциденти и активности кои значително влијаеле на загадувањето на воздухот и животната средина во повеќе општини минатата недела во рамки на активното спроведување на мерките за намалување на аерозагадувањето
Со цел рамномерно да го зголеми зеленилото во сите урбани заедници, Општина Карпош во рамки на есенската акција, засади нови 22 висококвалитетни листопадни дрвја, во населбата Тафталиџе, долж улицата „Московска“, пред станбените згради
По жестока дебата меѓу советниците од власта и опозицијата, за оваа одлука раководителот на Секторот за планирање и уредување на просторот при Градот Скопје Никола Гаџовски рече ова тркало не било исто како тоа на Вардар.
Македонски Телеком ја постави првата тестна 5G мрежа во центарот на Скопје, со што обезбеди услови за тестирање на оваа нова технологија во реални услови.
Советот на Град Скопје на денешната редовна седница едногласно донесе одлука за доделување на финансиска помош во вредност од три милиони денари за настраданите од земјотресот во Албанија.
Вкупно 136 милиони евра се обезбедени за изградба на пречистителната станица за отпадните води во Скопје, но Владата ќе преземе активности во соработка со ЕИБ и ЕБОР за обезбедување дополнителен грант за да се намалат износите на заемите, соопшти денеска Министерството за финансии.
Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од општините Аеродром, Центар и Сарај, соопштуваат од РЦУК – Скопје