Парамаунт Глобал денеска соопшти дека го откажа доделувањето на Европските музички награди на МТВ (ЕМА) за 2023 година во Париз, наведувајќи ги како причина „нестабилните светски настани“ за време на конфликтот во Израел и Газа.
Мадона почна со турнејата „Celebration“ во Лондон, Велика Британија, по повод 40 години на сцената. Тоа, по одложувањето на настапите поради болеста што се јави кај поп-пејачката.
Американската манекенка Џиџи Хадид се соочи со реакција од израелската Влада на Инстаграм, откако супермоделката сподели порака со поддршка за Палестина, во услови на тековната војна меѓу Хамас и Израел.
Актуелни и високо-квалитетни домашни и странски имиња од сферата на електронската, поп, рок и џез музиката, ќе понуди ПМГ Рекордингс фестивалот што ќе се одржува денеска и на 14 октомври.
Танчерската група „Лорд оф д денс“ (Lord of the Dance) источноевропскиот дел од својата турнеја го почнува од Бугарија. Закажани се два настапи - на 18 мај во Софија и на 19 мај - во Варна.
Британската глумица Џулија Ормонд поднесе тужба против поранешниот филмски продуцент Харви Вајнстин, тврдејќи дека тој сексуално ја нападнал во 1995 година, а потоа ѝ нанел штета на кариерата.
-Внимавајте! Има видео што прикажува некаков дентален план со моја ВИ-верзија. Немам никаква врска со тоа, напиша Хенкс на својот Инстаграм-профил.
Американскиот рапер Џеј-Зи предизвика поделени мислења на интернет-просторот откако рече дека не му дал пари на роднина кој му пришол за помош.
Музичкиот проект „Македонијо во срце те носиме“ чии 12 македонски родољубиви песни во ново руво се изведуваат низ голем број градови утре, четврток доаѓа во Тетово, информираат организаторите. Концертот е закажан со почеток во 20:00 часот, а ќе се одржи на Градскиот плоштад.
Супермоделката Кендал Џенер глуми во новата рекламна кампања на „Гучи Валигерија“, заедно со нејзиниот партнер, раперот Бед Бани.