Најавен е биографски стрип за американската пејачка Тејлор Свифт. Илустрираната книшка со 22 страници го прикажува подемот на современата „поп-кралица“, со нагласка на некои од нејзините достигнувања во кариерата.
Документарецот го носи називот според истоимениот сингл на Тупак од 1995 година. Во режија на Алан Хјуз, серијалот го истражува животот на убиениот уметник, и делумно оној на неговата мајка, покојната активистка Афени Шакур. Документарниот серијал се емитува на стрим-платформата „Хулу“.
Пол Макартни си спомна за животот на Џон Ленон на гостување на „Ајхарт рејдио“ и откри како покојниот член на „Битлс“ размислувал за смртта неколку години пред да биде убиен.
Модниот магнат Питер Најгард, кој има финско и канадско државјанство, вчера во Торонто, Канада, е прогласен виновен за сексуално злоставување на четири жени.
Ким Кардашијан позираше во новата кампања на својот бренд за облека „СКИМС“ - во бермуди, со руса коса, несекојдневна шминка, а градите си ги покри со лизгалки. Таа, според познавачи, со оваа кампања ги имитира рекламите на „Ланге ски“.
Компанијата на Роберт де Ниро ќе треба да ѝ плати повеќе од 1,2 милиони долари на неговата поранешна лична асистентка како отштета, откако Судот утврди дека неговата продукциска компанија допуштила полова дискриминација.
Војводата од Сасекс, британскиот принц Хари нема да присуствува на роденденската свеченост во чест на својот татко, кралот Чарлс Трети.
Американскиот глумец Патрик Демпси (57) е најсекси маж за 2023 година, според годинешната анкета и изборот на списанието „Пипл“ (People).
Американската асоцијација на модни дизајнери (ЦФДА) ѝ ја додели на Серена Вилијамс наградата за модна икона. Таа е една од најуспешните тенисерки досега, претприемачка, дизајнерка, а сега и призната ѕвезда на модниот свет, пренесува „Пипл“ (People).
Таксират, македонскиот најпосетен алтернативен музички фестивал годинава прославува јубилејно 25-то издание. Јубилејот се одбележува со бројни концерти и настани, а прославата за четврт век Таксират ќе биде заокружена со финалната вечер на 7 декември во Скопје.