Модната ревија на Ријана и нејзиниот бренд „Севиџ екс Фенти“ (Savage X Fenty), како посебна емисија ќе се емитува на 24 септември оваа 2021 година, на платформата „Амазон прајм видео“. Познатата пејачка и дизајнерка го потврди тоа на својот интернет-простор.
Шведската поп-група „АББА“ можеби подготвува изненадување за обожавателите, бидејќи Твитер-корисник под името „ABBAVoyage“ и интернет-страна со истото име се појавија на мрежата вчера.
Оттаму соопштија дека ќерката на Мадона е совршено лице за нивната кампања, заснована на платформа за „претставување луѓе од сите култури и со различна ориентација“.
Кање Вест сака да го промени своето име во „Је“, според правните документи кои ги пренесува „Варајети“. За тоа да биде официјално, судот во Калифорнија, односно судијата мора да се потпише и, одлуката за промената на името мора да биде објавена во неколку весници.
Бебето овековечено на омотот на албумот „Nevermind” на хеви-метал групата „Нирвана“, сега го тужи составот за детска порнографија.
Пет италијански градови – Милано, Болоња, Пезаро, Римини и Торино – претендираат да бидат домаќини на Евровизија во 2022 година, објави Ил Месаџеро.
Тапанарот на Ролинг Стоунс, Чарли Вотс почина денеска во болница на 81 -годишна возраст, соопшти неговиот портпарол.
„Бјелогрлиќ е обвинет за насилно однесување и утре ќе биде сослушан“, соопшти нишкото обвинителство.
Во албанскиот град Корча, на синоќешната последна вечер од традиционалната манифестација „Корчарско пиво“ спектакуларен концерт одржа познатиот Горан Бреговиќ, кој за жал беше засенет од мал инцидент.
Фолтин, својот четврт век постоење викендов го одбележа со концерт на истата локација, на античкиот локалитет Хераклеја, каде што точно пред 25 години започна приказната за оваа музичка петорка од Битола, која се стекна со светска слава.