Кошаркарот на Денвер нагетс и српски репрезентативец Никола Јокиќ го контактираше Словенецот Лука Дончиќ откако тој беше трејдуван во Лејкерси.
Организацијата на финалниот турнир на Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ 2025 е доделена на КК „Кожув“ од Гевгелија, објави Кошаркарската федерација на Македонија.
Словенечкиот кошаркар и голема НБА-ѕвезда Лука Дончиќ се прости од неговиот досегашен клуб Далас маверикс и навивачите на тимот од Тексас.
Лејкерс и Маверикс предизвикаа возбуда во НБА, откако ЕСПН во неделата рано наутро објави дека тимовите завршиле со трејдот со кој Лука Дончиќ ќе биде испратен во Лос Анџелес, а Ентони Дејвис во Далас.
НБА ги објави конечните списоци за Ол-стар натпреварот на Западната и Источната конференција во Сан Франциско (15-17 февруари).
Кошаркарот на Сакраменто кингс, Де'Арон Фокс би можел да го смени тимот. „Кралевите“ ќе се обидат да го разменат играчот кој нема намера да го продолжи договорот со клубот.
Церемонијата за пензионирање на дресот со број 15 се одржа на полувремето од натпреварот против Мајами. Картер е седмиот играч чиј дрес е повлечен од Бруклин Нетс.
Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Оливер Двојаковски (27 год, 204 см) од денеска и официјално е нов член на екипата на МЗТ Скопје Аеродром.
Легендата Леброн Џејмс го собори сопствениот рекорд играјќи на НБА Ол-стар натпреварот по 21-ви пат по ред, по избор на навивачите. Грчкиот кошаркар на Милвоки Бакс, Јанис Антетокунмпо, стана деветтиот кошаркар кој го освоил гласот на навивачите, објавија американските медиуми.
Леброн рано утрово постигна трипл-дабл и стана само вториот играч во НБА-лигата на 40-годишна возраст со двоцифрен ефект во три статистички категории.