Мео Сакети, селекторот на Италија со која македонската кошаркарска репрезентација е во иста група во квалификациите за Европското првенство 2021, доби отказ на клупата на Фортитудо.
Лидерот на Мајами, Џими Батлер не присуствуваше на првиот тренинг на тимот во неделата, објави новинарот на „АП“, Тим Рејнолдс
Американското спортско списание „Sports Illustrated“ по рекорден трет пат го прогласи Леброн Џејмс за спортист на годината
Раководството на НБА лига во пресрет на новата сезона им испрати на екипите 158 страници долг протокол со здравствени и безбедносни барања, најавувајќи ненајавени инспекции на салите и одземање на правото на организирање натпревари во случај на нивно прекршување
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ се врати во составот на Хувентуд по прележаниот коронавирус одигрувајќи 19 минути во триумфот над Сарагоса од 88: 81 во рамки на 13. коло во шпанското првенство
Кошаркарот на Бруклин, Кајри Ирвинг одлучи да не дава изјави за медиумите во текот на целата сезона 2020/21, објави ЕСПН.
Рекордни 320.000 долари се платени на аукција во Беверли Хилс за дрес на поранешната ѕвезда во НБА лигата Мајкл Џордан, објави ДПА
Реприза на финалето меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Мајами хит ќе биде на распоредот на 20 февруари идната година, стои во календарот за новата сезона во НБА лигата
Македонската кошаркарска федерација ќе биде домаќин на две европски првенства во младински категории, кои идната година ќе се одржат во Скопје