Тренерот на Денвер нагетс, Мајкл Мелоун, му понудил одмор на лидерот на тимот Никола Јокиќ за време на еден од натпревари, но не наишол на разбирање кај кошаркарот.

– Разговаравме за прашањето за можно прескокнување на натпреварот заради одмор. Но, тој е силно момче. Тој не сака да пропушта игри. Јокиќ рече дека српските момци не пропуштаат натпревари заради одмор, рече Мелоун.

Јокиќ сезонава има просек од 26,2 поени, 10,9 скока и 8,6 асистенции по натпревар и е меѓу најдобрите во НБА лигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/04/2021 10:57