Еден од најголемите таленти на европската кошарка, словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ изјави дека се уште не донел одлука дали ќе се појави на НБА Драфтот оваа година и дали ќе заигра во најсилната лига во светот.
Актуелниот шампион Фенербахче, ЦСКА Москва, Реал Мадрид и Жалгирис ќе спорат во полуфиналето денеска, 18-ти мај со мислата за големото финале во недела, 20-ти мај.
Завршниот „Фајнал фор“ турнир од кошаркарската Евролига што претстојниот викенд ќе се игра во Белград ќе донесе приход од 18 милиони евра за српската метропола, смета градскиот менаџер Горан Весиќ.
Екипата на Бадел 1862 продолжува да доминира во македонското кошаркарско првенство. Кошаркарките од клубот од скопската општина Кисела Вода со 3-0 во финалната серија од плејофот го совладаа градскиот ривал Вардар и ја запечатија петтата титула во низа.
Актуелниот НБА шампион, екипата на Голден Стејт претрпе убедлив пораз со 127:105 рано утрово на гостувањето кај Хјустон во вториот дуел од финалето на Западната конференција.
Кошаркарот на ЦСКА Москва, Лео Вестерман ќе го пропушти „фајнал фор“ турнирот од Евролигата во Белград, бидејќи мора да се оди на операција на грбот, објави денеска рускиот клуб.
Најдобриот кошаркар на Кливленд Кавалирс, Леброн Џејмс не е многу загрижен по вториот пораз од Бостон во финалната серија на Источната конференција.
Кошаркарите на Бостон Селтикс се наоѓаат на два чекора од големото финале во НБА лигата, откако ноќеска го добија и вториот натпревар од финалната серија во Источната конференција.
МЗТ Скопје со 3:1 во полуфиналната серија против Блокотехна обезбеди пласман во финалето од плејофот.
По „фајнал фор“ турнирот на Евролигата кој ќе се одржи оваа сезона во Белград, следниот град-домаќин ќе биде Виторија.