Американскиот кошаркар Кевин Дурант изјави дека би сакал кариерата да ја заврши во Европа, поточно во Барселона или Монако.
Натпреварот во забивање на Ол-стар викендот во НБА ги оправда очекувањата и по долго време донесе многу возбуда и имагинативни креации од учесниците, а на крајот победи Мек МекКланг.
Тајлер Хиро од Мајами Хит го искористи ваквиот развој на настаните од позадина и ја освои титулата во оваа категорија на Ол-стар викендот во Сан Франциско.
МЗТ Скопје Аеродром го совлада КК Кожув со 86-61 (42-27) во финалето на кошаркарскиот Куп на Македонија и на тој начин го подигна 13-тиот трофеј во ова натпреварување.
Кошаркарките на Вардар го освоија трофејот во Купот на Македонија, откако во финалето против Баскет Кам триумфираа со 69:55 (36:23).
Кошаркарот на Сан Антонио Спарс, Виктор Вембењама, смета дека најпотценетиот играч во НБА е асот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс.
Националната кошаркарска асоцијација НБА е блиску до договор за организирање натпревар во Манчестер, во сала со капацитет од 23.500 луѓе, пишува британски „Тајмс“.
Кошаркарите на Кожув го совладаа Гостивар со 91-72 и се пласираа во утрешното финале за Купот на Македонија, каде ќе ги измерат силите со МЗТ Скопје.
Со убедлива победа над КК Пелистер Битола од 103-88 во Гевгелија, МЗТ Скопје обезбеди место во своето петто по ред, а вкупно 18-то финале во Купот на Македонија.
Гевгелија од денес до недела е домаќин на натпреварите од годинашниот кошаркарски куп „Благоја Георгиевски - Буштур“.