Македонскиот ракометен национален тим денеска замина за Стара Пазова во Србија каде утре и задутре од 19 часот треба да одигра две пријателски средби со селекцијата на Кувајт.
Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров викендот присуствуваше на ревијалните натпревари од „КЛ7“ школите. Тој со својот тренерски и организациски тим им поделија новогодишни пакетчиња на сите членови.
Селекторот на Македонија, Данило Брестовац на собирот пред почетокот на подготовките за Европското првенство 2020, кое ќе се одигра во Австрија, Норвешка и Шведска, повика ракометари од кои очекува во следниот период да се наметнат и да се изборат за место во тимот кој ќе настапи на континенталниот шампионат
Голманот на Еурофарм Пелистер, Николче Митревски со 89 одбрани е најдобар меѓу своите колеги во оваа статистичка категорија во досегашниот дел од регионалната ракометна СЕХА лига
Црногорската ракометарка, Јованка Радичевиќ, која беше прогласена за најдобро десно крило на Светското првенство во Јапонија, изјави дека повеќе би сакала да имаше медал околу вратот, отколку ваква индивидуална награда.
Победа и пораз за македонските претставници во ракометната СЕХА лига. Еурофарм Пелистер забележа победа над Спартак Москва со 33:21 на тереот на руската екипа.
Холандија ја победија Шпанија со 30:29 во финалето на Светското првенство во ракомет за жени, и за првпат во својата историја ја освои светската круна.
Репрезентацијата на Русија го освои третото место на Светското првенство за ракометарки кое се игра во Јапонија.
Македонскиот ракометен репрезентативец, Дејан Манасков, го продолжи договорот со клубот Веспрем за уште две години, и тоа значи дека се обврза на верност во унгарскиот тим до јуни 2022 година.
Репрезентациите на Шпанија и Холандија ќе играат во финалето на Светското првенство во ракомет за жени, кое се одржува во јапонскиот град Кумамото.