Поради протестите во Франција и планираните собири во близина на салата ХХЛ во Нант, каде требаше утре да се одржат натпреварите од групата I на ЕХФ ЕВРО 2018, Европската ракометна федерација во соработка со Организацискиот комитет на ЕХФ ЕП 2018 година одлучи да ги откаже и да ги презакаже натпреварите од второто коло, јави дописникот на МИА.
Тренерот на екипата на Металург, Данило Брестовац пред натпреварот против Мешков Брест во недела во СЦ „Јане Сандански“ во СЕХА лигата, изјави дека очекува добар натпревар и тимот да ја продолжи нагорната линија во претставувањето.
По средбата со Вардар, тренерот на Металург, Данило Брестовац, беше разочаран затоа што што неговите избраници во клучни моменти не се придржуваа до договореното на тренинг.
Тренерот на Вардар, Роберто Парондо рече дека и покрај лошиот натпревар најважно е дека се освоени бодовите на дуелот со Металург во СЕХА-лигата.
Македонскиот првак Вардар го победи Металург на гостински терен со 26-27 (13-11) во македонското дерби на СЕХА-лигата, одиграно во СЦ „Борис Трајковски“.
Оттаму порачуваат љубителите на ракометот да се подготват за вистинско уживање во текот на 18-те мундијалски дена со врвен ракомет во неограничени количини на Македонската Телевизија.
Нашите светски амбасадори, ракометната судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се номинирани за најдобра судиска двојка во светот.
Тренерот на Металург, Данило Брестовац пред мечот со Вардар во рамките на десетото коло на СЕХА-лигата изјави дека неговиот тим ќе се соочи со една од најдобрите екипи во Европа, но дека очекува добра битка и добар резултат.
Со максимални три победи на квалификацискиот турнир игран во Скопје, женската ракометна репрезентација на Македонија обезбеди пласман во баражот за Светското првенство 2019.
Женската македонска ракометна репрезентација ја забележа втората победа во квалификациските натпревари за обезбедување бараж натпревар за пласман на Светското првенство 2019.