Македонскиот претставник во ЕХФ купот, тимот на Еурофарм Работник е сместен во третиот шешир пред ждрепката за групната фаза закажана за в четврток (29 ноември) во 11:00 часот во седиштето на Европската ракометна федерација.
Ракометарот на Металург, Александар Шпенде беше еден од најдобрите на средбата со Силкеборг, а неговиот проектил од таа средба заслужено се најде меѓу петте најубави голови на деветтото коло на Лигата на шампионите.
Најефикасни во победничкиот тим на денешниот натпревар беа Граџан со седум гола, Ојлески и Кузмановски во листата на стрелците се запишаа по четири пати.
Во последниот натпревар на домашен терен оваа сезона во Лигата на шампионите, ракометарите на Металург загубија од Силкеброг со 33:29 и по девет одиграни натпревари во Ц-групата останаа само на една победа.
Ракометарите на Вардар избегнаа пораз на гостувањето кај Мешков Брест, откако попладнево одиграа 31:31 и по двата пораза од Барселона во претходните две рунди, освоија бод во 9.коло од Лигата на шампионите.
Левиот бек на Вардар, Вуко Борозан денеска имаше операција на коленото. Со цел побрзо да биде подготвен за вториот дел од сезоната, Црногорецот мораше да се подложи на хируршки зафат.
Поранешниот селектор на македонската ракометна репрезентација и тренер на Металург, Лино Червар си заминува од ППД Загреб.
Најдобриот стрелец во историјата на ракометната Лига на шампиони, Кирил Лазаров потпиша нов двегодишен договор со Нант, на задоволство на првиот човек на клубот Гаел Пелетие.
Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров го продолжи договорот со Нант до јуни 2021 година. Актуелниот договор на Лазаров истекуваше на крајот од оваа сезона, но францускиот тим ќе го задржи искусниот бек и во наредните две сезони.
Капитенот на „Вардар“, Стојанче Стоилов по поразот од „Барселона“ со 26-34 во Лигата на шампионите синоќа изјави дека каталонците ја искористиле конфузната игра во второто полувреме за да дојдат до убедлива победа.