Поранешниот македонски ракометен репрезентативец Иван Марковски е назначен за нов тренер на Металург, потпишувајќи двеиполгодишен договор со клубот за кој настапуваше како играч.
Вечер во Битола во рамки на натпреварите од европската ракометна лига ќе гостува „бундес“ гигантот Магдебург од истоимениот германски град.
Противник на македонската женската ракометна репрезентација во баражот за пласман на Светското првенство 2021 е репрезентацијата на Романија.
Македонската женска ракометна репрезентација со максимални три победи ги заврши настапите на квалификацискиот турнир во Скопје.
Македонската женска ракометна репрезентација триумфираше вечерва убедливo над Литванија со 31:21 (15:12) и на едно до крајот на квалификацискиот турнир во Скопје речиси го обезбеди настапот во плеј-офот за пласман на Светското првенство што во декември ќе се одржи во Шпанија.
Тренерот на македонскиот ракометен првак Вардар 1961 Стевче Алушовски изрази задоволство од триумфот на Мотор (32:27) во регионалната СЕХА лига, оценувајќи оти тимот ја крева формата во најважниот дел од сезоната
Ракометарите на Вардар вечерва го совладаа тимот на Мотор од Запорожје, Украина со 32:27 во 5. коло од регионалната СЕХА-лига.
Македонската женска ракометна репрезентација вечерва ја совлада соодветната селекција на Исланд со 24:17 во првиот од трите натпревари на квалификацискиот турнир за Светското првенство 2021.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер лесно и убедливо ја совладаа домашната екипа на Металопкастика со 34:27.
Ракометарите на Вардар 1961 попладнево загубија на гостувањето кај хрватскиот тим Нексе со 36:32 (15:14) во рамки на четвртото коло во регионалната СЕХА лига.