Најдобрите македонски ракометни клубови, Еурофарм Пелистер и Вардар вечерва во Битола приредија ракометен спектакл, а на крајот победата му припадна на подобриот тим во моментов, Еурофарм Пелистер.
Ракометарките на Ѓорче Петров го подигнаа шампионскиот трофеј, откако вчеравечер и официјално ја одбранија титулата во македонската женска Суперлига, и покрај поразот (28-29) од Куманово во претпоследното коло во оваа сезона.
Ракометната федерација на Македонија (РФМ) соопшти попладнево дека 66-годишниот стратег Љубомир Савевски веќе не е селектор на женската сениорска ракометна репрезентација.
Во рамки на турнирот ќе се одиграат вкупно три натпревари, односно ќе се игра секој со секој, а победник е онаа екипа која ќе забележи две победи.
Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер се израмнети на табелата со по 31 бодови, пред Алкалоид, кој има шест бодови помалку.
Бранителот на двојната круна во македонскиот ракомет „Вардар 1961“ во полуфиналето од националниот куп ќе игра против градскиот ривал „Алкалоид“, за кој тренерот на „црвено-црните“ Владо Недановски рече дека е противник што заслужува респект.
Во просториите на Ракометната федерација на Македонија, попладнево беше извршена ждрепката за полуфиналето на националниот куп во машка и во женска конкуренција.
Не е познато колку време ќе биде потребно за санирање на повредата и рехабилитација на македонскиот бек, но сигурно тој неколку месеци ќе биде надвор од терените.
Македонските ракометари во првото полувреме беа во константно водство кое изнесуваше највисоки четири голови разлика (7-3, 9-5), но Турција со два погодоци во завршницата замина на полувреме со „егал“ (15-15).
Со оваа победа Македонија речиси да го обезбеди пласманот на Еуро 2024. За потврда ќе треба да не загуби со повеќе од осум голови разлика во последното коло, против Турција во Скопје. Турците денес загубија на домашен терен од лидерот во Групата-1, Португалија со 35:37.