Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) ги избра Полска и Шведска за домаќини на Светското првенство во 2023 година во машка конкуренција
Ракометарите на Вардар обезбедија учество на „Фајнал фор“ турнирот во регионалната СЕХА-лига, откако вечерва, во реваншот од четвртфиналето, на гостувањето кај ППД Загреб загубија со 25:22 и ја зачуваа предноста од четири гола од првиот меч во Скопје.
Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ, најави игра на победа на неговите избраници во реваншот од четвртфиналето на регионалната ракометна СЕХА-лига, со Загреб на гостински терен.
Од денеска (30 август 2021 година) од 12.00 часот, почнува продажбата на сезонски билети за натпреварите на РК Вардар1961 што ќе ги игра клубот на домашен терен, во Лигата на шампионите, СЕХА лигата и домашното првенство
Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер не успеа да обезбеди пласман на завршниот фајналфор турнир во СЕХА лигата, откако попладнево загуби на гостувањето кај Мешков Брест со 35:31 (18:14) и со два пораза ја заврши четвртфиналната пресметка со белорускиот шампион.
Ракометната федерација на Македонија го именува Љубомир Савевски за селектор и координатор на националните селекции во женска конкуренција
За Начевски и Николов, Игрите во Токио беа втора олимпијада во измината деценија, во која еминентниот македонски судиски тандем ја делеше правдата и на повеќе европски и светски шрвенства.
Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ е задоволен од победата над ППД Загреб извојувана на домашен терен во првиот четвртфинален дуел од регионалната ракометна СЕХА-лига.
Ракометарите на Вардар 1961 вечерва во Скопје го совладаа хрватскиот првак ППД Загреб со 24:20 (14:12) во рамки на првиот четвртфинален натпревар во регионалната СЕХА лига.
На првиот четвртфинален натпревар од СЕХА Газпром лигата меѓу Вардар1961 и ППД Загреб во СЦ „Јане Сандански“ ќе биде дозволен влез на одреден број на публика.