- Проблемот со таа теорија е што за нас, смешни се и работи што не се толку изненадувачки, а има и многу изненадувања што воопшто не ни се смешни, вели д-р Марк Хје-Кнудсен и истражувач за хумор од Данска.
Десетте најбогати луѓе во светот на листата на милијардери на Блумберг го зголемија своето богатство за рекордни 64 милијарди долари за еден ден по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.
Њу Делхи денеска е најзагаден град во светот. Поради густиот смог не се гледаат претседателската палата и околните градини, популарна дестинација за пешаци, тркачи и велосипедисти.
Новопронајден град стар околу 4.400 години во денешна Саудиска Арабија открива како животот во третото илјадалетие п.н.е. полека се менувал од номадски во урбан, градски живот, објаснуваат археолозите.
Хипохондријата не помага во менталното здравје. Не треба премногу да се размислува за можни болести и здравствени нарушувања. На овој начин само си го преоптовараме мозокот. Д-р Полок истакнува дека мора да се има и други интереси - неповрзани со нашето здравје.
Научници од Аргентина и Кина го пронајдоа најстариот досега познат фосил од полноглавец од жаба. Истражувачите во аргентинската провинција Санта Круз го откриле фосилот на полноглавец што живееел пред 161 милион години - во периодот Јура.
Економијата на Исланд ги надминува повеќето европски земји откако воведе пократка работна недела низ целата земја без намалување на платите, покажа истражување објавено минатата недела.
Околу 40.000 Европејци годишно умираат поради загадувањето што го испуштаат шпоретите на гас. Штетни гасови од шпоретите на гас поврзани се со болести на срцето и белите дробови, се наведува во студијата спроведена во Велика Британија и ЕУ.
Младите во Македонија и во Црна Гора најдоцна во Европа ги напуштаат домовите на своите родители, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат.
Јутјуберот-авантурст oд Јужна Африка, Грејм „Динго“ Динкелман почина на 44-годишна возраст откако, на крајот на септември, беше каснат од зелена мамба - една од најотровните змии во светот. Неговата сопруга Кирсти ја објави веста на неговиот Инстаграм-профил.