Претседателот на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата Ѓорѓи Сајкоски во изјава за МИА вели дека Комисијата не е надлежна самата да презема нешто во врска со интерпелацијата на претседателката на Комисијата за социјална политика Илире Даути и дека нема добиено никакво известување досега.

- Во заклучокот од Собранието се кажува дека наводите во интерпелацијата се основани, односно дека со 61 пратеник, претседателот на Комисијата е разрешен, во случајот г-ѓа Даути, бидејќи не ги исполнила деловничките одредби. Тоа е она што е суштината. Комисијата за прашања на изборите и именувањата не е надлежна самата да презема бидејќи не е ни повикана. Чекаме следни чекори од пратеничките групи, вели Сајкоски.

Според Сајкоски, интерпелацијата е висок морален чин на секој именуван функционер кој не ја исполнува законската обврска, односно смета дека Даути треба самата да си поднесе оставка



Автор: Администратор
Објавено на: 15/01/2025 03:07