Единствен стрелец на натпреварот во Загреб беше Самир Насри кој во 37-та минута беше стрелец на голот за Севиља и до крајот на натпреварот остана истиот резултат. Екипата на Јувентус пак се помачи за победа во Франција, но сепак стигна до трите бода. Во првото полувреме Лаказете стрелаше непрецизно од 11 метри и не успеа да донесе водство на својот тим, а во второто полувреме имаше и играч повеќе одкако во 54-тата минута Ламина заработи црвен картон. Сепак Старата дама успеа да ја исконтролира играта и со 10 играчи дојде до втората победа во лигата на шампионите. Радоста на италијанскиот првак ја донесе Квадрадо во 76-тата минута кој со одличен удар од тешка позиција успеа да го совлада Лопез.

По три одиграни кола, Јувентус и Севиља се на делба на првата позиција со 7 освоени бода, Лион е трети со 3 бода додека Динамо Загреб сеуште нема освоено бод и е на последната четврта позиција.


Севиља и Јувентус неубедливи против Динамо и Лион (Video highlights)

Погледнете ги наијтересните моменти од двата натпревари



Автор: Администратор
Објавено на: 21/10/2016 02:05