Германскиот фудбалски клуб Вердер објави денеска дека се повлекува од социјалната мрежа Икс поради „изливи на омраза“, кои како што наведе, се зголемиле откако платформата ја презеде американскиот милијардер Илон Маск.
„Откако Илон Маск ја презеде платформата, под превезот на слободата на изразување, на неа значително се зголеми бројот на пораки со омраза насочени кон малцинствата, ултрадесничарски пораки и теории на заговор. Радикализацијата на платформата ја предводи лично Илон Маск со своите најави. Речиси ништо повеќе не е забрането на таа платформа, алгоритмите и контролата се апсолутно зли. Исто така, Илон Маск ја користи оваа мрежа како политичко оружје, што се виде и на неодамнешните претседателски избори во САД“, објави Вердер.
Клубот од Бремен ги повика своите 600.000 следбеници да се претплатат на социјалната мрежа Bluesky, каде отсега ќе објавуваат пораки.
Вердер е вториот германски прволигаш кој ја напушти социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер, откако минатата недела истото го направи и Сент Паули.