Натпреварот на Сантијаго Барнабеу не донесе никакво изненадување за домаќините па со головите на Бејл во 16-тата минута, автоголот на Јодловиец во 20-тата минута и третиот гол на Асенсио во 37-тата минута речиси беше решен уште во првото полувреме само беше прашање за конечниот резултат. Иако домаќините преку пенал кој успешно го реазилираше Радовиќ во 22-та минута намалија на 2:1 во првото полувреме, сепак немаа сили да направат изненадување против Реал Мадрид. Во второто полувреме Реал само ја запечати победата преку головите на Лукас и Мората. Кристиано не беше стрелец на гол на натпреварот против Легија но пружи одлична игра и направи две асистенции.

Милионерите пак по водството во првото полувреме од 0:2 со головите на Обамејанг во 9-тата и Бејгл во 43-тата стигна до три бода против Спортинг Лисабон на гостински терен. Стрелец на голот за домаќините и за конечни 1:2 беше Цезар во 67-тата минута од натпреварот.

По три одиграни натпревари, Реал Мадрид и Борусија Дортмунд се на делба на првото место со по 7 бода, Спортинг е трет со освоени 3 бода, додека Легија е последна без бодови и гол разлика 1:13.


Реал Мадрид убедлив, Дортмунд сигурен (Video highlights)

Погледнете ги најитересните моменти од двата натпревари



Автор: Администратор
Објавено на: 21/10/2016 02:08