Топџиите го торпедираа Бугарски Лудогорец и со високи 6:0 ја запишаа втората победа во лигата на шампионите оваа сезона. Месут Озил пружи фантастична игра и заслужено стигна до првиот хет-трик во својата кариера, додека Санчез, Волкот и Чембрлен со по еден погодок допринесоа за високата победа на Арсенал.

Иако Псж чекаше за првиот гол дури пред крајот на првото полувреме, сепак во второто полувреме одигра тактички и доминантно и го совлада Базел на домашен терен со 3:0. Резултатот го отвори Ди Мариа во 40-тата минута, а Лукас во 62-та и Кавани во 93-тата минута од натпреварот му ја донесоа втората победа на ПСЖ во групата А.

Арсенал и Псж се на делба на првата позиција додека Базел и Лудогорец се на делба на третата позиција со по 1 освоен бод.

Во продолжение видео хајлатси од двата натпревари



Автор: Администратор
Објавено на: 21/10/2016 02:12