Иако речиси без игра, по два досудени пенали во само три минути, Манчестер јунајтед славеше на Олд Трафорд против Фенербахче и го задржа првото место на табелата. Пол Погба стрелаше прецизно по досудениот пенал во 31-та минута од натпреварот а истото го направи и Мартијал во 34-тата минита кога беше досуден втор пенал за домаќините. До полувремето Погба се запиша по втор пат во листата на стрелците и Манчестер Јунајтед замина со високи 3:0 на пауза. Речиси беше јасно кој ќе биде победник на натпреварот од како по стартот на второто полувреме односно во 48-та минута Лингард го доведе тимот на Манчестер во водство од 4:0.
Фенербахче не се откажа до крајот на натпреварот па легендата на црвените ѓаволи, Робин Ван Перси го постигна почесниот гол за турскиот тим на што доби стоечки аплауз од навивачите на Манчестер Јунајтед меѓу кои беше уште една легенда – Сер Алекс Фергусон, кој видно среќен од постигнатиот гол на Ван Перси не престана да аплаудира.
По завршувањето на натпреварот Сер Алекс Фергусон и Робин Ван Перси завршија во прегратка.