– Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Р.А.(1954), поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти“ и „посредување во вршење проституција“, Ф.А.(1990), Д.А.(1961), Б.Н.(1954), З.Д.(1956) сите од Охрид, како и за велешаните О.Ч.(1996) и М.А.(1996) поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „трговија со луѓе“, додека Ф.А., Б.Н. и З.Д. се пријавени и за кривичното дело „посредување во вршење проституција“, соопштија од МВР.

Првопријавениот во својство на организатор создал криминална група во која членови се Ф.А. (негов син), Д.А. (негова сопруга), Б.Н., З.Д., О.Ч. и М.А. која имала за цел вршење на експлоатација по пат на проституција на женски лица-жртви на трговија со луѓе во временски период од јуни до октомври 2016 година. Тие за износ од 3.000 денари (од услуга) им овозможувале на лица клиенти, користење на сексуални услуги во Угостителски објект „Филип Астор“ во Охрид. Експлоатацијата по пат на проституција се вршела секојдневно во временски период од 21:00-05:00 часот во просториите на угостителскиот објект, а по барање на лицата-клиенти, женските лица на други локации и објекти се превезувале или со такси возило или пак со возила во сопственост на самите клиенти. Исто така забележани се и случаи кога биле превезувани и со возила од страна на припадниците на криминалната група.

Како што е наведено во соопштението, првопријавениот ги прифаќал, сместувал, превезувал, контролирал, организирал и овозможувал експлоатација по пат на проституција во УО „Филип-Астор“ во Охрид, потоа им давал инструкции на припадниците на криминалната група при организирање и овозможување на лица-клиенти користење на сексуални услуги. Исто така го наплатувал и однапред договорениот износ на парични средства од клиентите. Потоа второтпријавениот син на организаторот вршел експлоатација по пат на проституција на женските лица, на начин што организирал и овозможувал на клиентите користење на сексуална услуга во просториите на УО „Филип-Астор“, водел контрола и евиденција на бројот на клиенти кои користеле сексуална услуга и вршел наплата на парични средства од сексуалните услуги.

Како што соопшти МВР, пријавените Д.А., Б.Н. и З.Д. имале за задача да ги прифаќаат, превезуваат и контролираат жртвите на трговија со луѓе по дадени инструкции на Р.А.. Исто така пријавените овозможувале на клиентите да користат сексуални услуги, кои во отсуство на организаторот и неговиот син вршеле и наплата на паричните средства од клиентите кои користеле сексуални услуги.

Пријавениот О.Ч. со помош на М.А. извршиле регрутирање на жртвата на трговија со луѓе и со употреба на сила, присилба и закани, искористувајќи ја нејзината состојбата на немоќ и ранливост, со психичко и физичко малтретирање, воспоставиле контрола над неа и ја предале на Р.А. заради експлоатација по пат на проституција во УО„Филип-Астор“ во Охрид.


3000 денари за сексуална услуга, уапсени мајка, татко и син во Охрид

Од страна на судија на претходна постапка на Р.А., Ф.А., Б.Н. и О.Ч. одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена, а пак на Д.А. и М.А. им е одредена мерка домашен притвор, додека З.Д. не е изведен пред судија на претходна постапка поради влошување на неговата здравствена состојба.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2016 22:51