Полицијата расчисти три кражби кои биле извршени во куќи во гостиварското село Дебреше. Две лица се осомничени како сторители откако кај нив се пронајдени електрични апарати и накит кои претходно ги украле.
Според портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, по спроведените активности, надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар – СВР Тетово расчистила три тешки кражби, пријавени во Полициското одделение Галате.
- Кражбите се случиле во три куќи сопственост на С.Б., Г.Б. и С.Б. во гостиварско Дебреше во периодот од 03.08 до 09.09.2024. По преземени мерки, на 10 септември од слобода биле лишени А.К.(43) од гостиварско Леуново и С.С.(36) од Дебреше, вели портпаролот Реџепи.
Тој напомена дека по извршените претреси, кај нив биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од извршените кривични дела и им биле вратени на сопствениците. По документирање на случаите, против лицата ќе следува соодветен поднесок.