Синоќа во 20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.П. (35) од Куманово.

МВР денеска информира дека при преглед кај него била пронајдена прашкаста материја, а потоа при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени монети и други метални предмети, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело по член 265 од Кривичниот законик.

- З.П. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштија од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2024 12:55