Криволовците го убиваат рисот бидејќи неговото крзно чини повеќе илјади евра. Во Националниот парк Маврово денес останаа само десет до 15 возрасни единки рис, а во земјава живеат не повеќе од триесетина единки.

– Минатата година рисот беше ставен како критично загрозен подвид на Црвената листа на Меѓународната листа за заштита на загрозени видови животни така да ако не смогнеме сили да го подобриме статусот на рисот во РМ тој би се соочил со исчезнување, вели Александар Стојанов од Македонско еколошко друштво. И не само рисот, Македонија и Балканот се соочуваат со бројни еколошки предизвици, поврзани со загрозување на природата и живиот свет, заклучија еколозите од цела југоисточна Европа на Петтиот конгрес на еколози.

– Овој регион се соочува со голем број предизвици особено заради бројните планирани инфраструктурни проекти, но затоа треба да се најдат соодветни решенија и да се слушнат сите страни, изјави Робертина Брајаноска директор на Македонско еколошко друштво.


Во Македонија останаа уште 30-тина риса

Според еколозите потребни се посебни акциони планови за заштита на загрозените видови но и за управување со заштитените подрачја.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2016 22:56