По инцидентот, неколку луѓе се пожалиле дека не се чувствуваат добро а лондонската служба за итна помош соопшти дека испратила тим за реакција при ризични ситуации и дека прегледала 26 лица со респираторни тешкотии. Двајца од нив се однесени во болница.
Аеродромската управа соопшти дека на патниците им било наредено да го напуштат терминалот денеска попладне, откако се вклучил алармот за пожар. Појдовните летови се привремено запрени, а неколку летови се пренасочени кон други аеродроми.
Лондон Сити е најмалиот меѓународен аеродром во британската престолнина.