Инцидентот се случил околу 20,45 часот во дневната соба во семејниот дом. Во собата влегол И.Л. (46), кој сакал да гледа телевизија. Таа му рекла дека била уморна и дека ќе одела да гледа во друга соба. Токму тогаш тој ја фатил за коса и почнал да ја удира со боксови и шлаканици по главата и лицето, ја турнал на подот и повторно ја удирал. Таа успеала да излезе надвор и да побара помош, а И.Л. излегол по неа и со рака и ја притиснал устата за да ја спречи да вика.

Во тој момент дошол нивниот син и го отурнал татко му од неа. Кога насилниот скопјанец забележал дека го гледаат соседите, ја фрлил палката во дворот и влегол во куќата.


Семејно насилство пред развод. Скопјанка претепана од својот сопруг



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2016 23:35