Шеесет и деветгодиша жена починала, а малолетник е пренесен во Ургентен центар, откако вчера паднале од зграда во Општина Кисела Вода.

Како што соопштија од МВР, вчера во 19:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на територија на Кисела Вода, две лица паднале од зграда.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека жената Д.С.(69) од Скопје од здобиените повреди починала на местото на настанот, додека деветгодишен малолетник од Скопје се здобил со повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2024 15:06