– Од хакерскиот напад погодено беше целото источно крајбрежје на САД. Погодени беа и интернет-страниците на големите медиумски компании, како Њујорк тајмс, Фокс и други, соопшти ДИН.
Американскиот Оддел за татковинска безбедност соопшти дека истражува кој стои зад ДДоС нападите (distributed denial of service), популарна тактика за нарушување при што одреден сајт или сервис се попречува со создавање висока фреквенција на сообраќај преку дистрибуција на извори. Белата куќа во соопштение нападот го нарече „криминален чин“, пренесува Ројтерс.
Хакерскиот напад бил од типот ДДоС при што целиот систем бил целосно блокиран и корисниците немале пристап до нивните ресурси или пак пристапот бил прилично отежнат.