Во 7 часот по локално време се урна мал авион кој превезувал пет луѓе веднаш по неговото полетување од аеродромот Малта Интернешнл во Малта а крајната дестинација била Либија. Иако во медиумите се појави информација дека се работи за функционери на Европската Унија, сепак високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Федерика Могерини ја демантираше оваа информација дека се работи за функционери на Европската унија. Спасувачите и полицијата во Малта се уште трагаат по преживеани, иако се стравува дека сите патници загинале.
На интернет се појави видео каде што падот на авионот е сниман од автомобил, а како што изјавил шоферот, забележал дека нешто чудно се случува со авионот и го снимал се до неговото уривање.