Десет од продадените парцели се наоѓаат во населбите „Караорман“ и „Моински пат“ и се наменети за изградба на индивидуални станбени куќи. Тие се продадени по цени од 71 до 1.650 денари од метар квадратен за најатрактивните парцели, велат од одделението за урбанизам на општина Гевгелија.
Покрај ова, урбанистите потврдија дека се продадени и три од понудените четири парцели наменети за изградба на објекти од лесната индустрија. Нивната локација се наоѓа во месноста „Сува река“ а постигнатите продажни цени на електронската аукција изнесуваат од 70 до 100 денари за метар кивадратен.