Пред почетокот на Шестиот пленум на Комунистичката партија, кинеската Влада соопшти дека казнила над еден милион членови на оваа партија кои биле поставени на државни функции а поради фактот дека на било каков начин биле дел од коруптивни активности за време на нивниот мандат.

Покрај ова челниците на комунистичката партија истакнаа дека до октомври месец оваа година успеале да уапсат и да ги вратат во Кина над 400 функционери кои биле во бегство.

На состанокот во ексклузивниот хотел Џингси ќе присуствуваат речиси 400 највисоки функционери на партијата, кои во следните четири дена ќе разговараат за промени во начинот на управување со партијата со акцент на „партиската дисциплина“.

Шестиот пленум се одржува во момент кога Комунистичката партија на Кина има повеќе од 88 милиони членови и се соочува со период на „тектонски промени“.


Кина казни 1.000.000 функционери поради корупција

Од доаѓањето на чело на партијата во 2012 година, генералниот секретар Си Џинпинг се обидува да ја наметне својата волја и да преземе повеќе власт.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/10/2016 23:32