Луис Хамилтон, Британецот од Мерцедес, ја искористи пол-позицијата и славеше на Големата награда на Шпанија (на патеката „Каталуња“, прва ГН 1991, 66 кругови x 4.655км = 307.104км, најбрзиот круг 1:21.670 Кими Раиконен во 2008), втор беше Себастијан Фетел од Ферари, трет Даниел Рикијардо од Ред Бул.

Луис Хамилтон, трикратниот шампион (2008, 2014, 2015) на Формула 1, ја искористи 64-тата пол-позиција во кариерата и дојде до победа на Големата награда на Шпанија во Каталонија (петта трка во сезоната 2017), го оствари 55-тиот триумф во кариерата (108 подиуми), а втора победа оваа година, колку што има и лидерот на шампионатот Себастијан Фетел, кој и понатаму има предност од шест бода во генералниот пласман.

Трет низ целта помина Даниел Рикијардо од Ред Бул, а зад него двајцата возачи на Форс Инидја, Серхио Перез и Естебан Окон. Кими Раиконен и Макс Ферстапен се судрија на стартот и мораа да се откажат.

Следната, можеби и најпозната трка во Формула 1 се вози во Монако, на 28-ми мај.

Генерален пласман на возачите:

1. Себастијан Фетел (Ферари) 104 бода

2. Луис Хамилтон (мерцедес) 98,3

3. Валтери Ботас (Мерцедес) 63

4. Кими Раиконен (Ферари) 49,5

5. Даниел Рикијардо (Ред Бул) 37,6



Автор: Администратор
Објавено на: 15/05/2017 17:58