Американската тенисерка Џесика Пегула во финалето на турнирот во Чарлстон (САД) ја победи сонародничката Софија Кенин со резултат 6:3, 7:5.

Мечот траеше 1 час и 27 минути.

Триесет и едногодишната Пегула имаше три аса, две двојни сервис грешки и седум конвертирани брејк топки од 17 можни.

Дваесет и шестгодишната Кенин сервира еден ас, направи шест двојни грешки и имаше четири конвертирани брејк топки од осум можности.

Ова е осма ВТА титула за Пегула во кариерата и втора во 2025 година. Таа претходно победи на турнир во Остин. з



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2025 19:34