При одредувањето на имињата на ураганите во Америка се користи праксата воведена уште во седумдесеттите години на минатиот век да се даваат генерално женски имиња а по претрпените штети по завршувањето на ураганите, имињата се пензионираат. Пензионирањето на имињата е поради психолошкиот ефект кој би можел да го има кај граѓаните и предизвикувањето на негативни реакција на жителите на местата кои се под опасност од ураган доколку се користи исто име од претходен разорен ураган. Покрај Метју, едно од ретките машки имиња за ураган кој досега однесе над 900 животи, во 1992 година Националниот центар за следење на урагани во Америка го пензионирал името Ендрју, додека во 2005-тата година пензионирал најмногу имиња меѓу кои и името Катрина кој исто така беше разорен ураган со големи последици за Америка. Традицијата за доделување на женски имиња за катастрофалните појави – урагани, метеоролозите ја продолжиле врз основа на започната пракса на маринците по втората светска војна. Од седумсетите години па се до денес, речиси 90% од катастрофалните земјотреси имаат женски имиња.