Во полициската станица во Берово, родители пријавиле дека нивната 17-годишна ќерка се оддалечила во непознат правец, на 18. мај утрото околу 7.30.

Велешанец, пак, на возраст од 42 години вчера пријавил дека во четвртокот од дома заминала неговата 38-годишна сопруга.

Полицијата презема мерки за за расчистување на случаите и пронаоѓање на лицата.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/05/2017 10:31