Полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Табановце вчера утрото го лишиле од слобода А.С.(38) од село Црнилиште, општина Долнени, поради сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.
Како што информира денеска МВР, на влез во државата била извршена контрола на патничкото возило „мини купер“ со швајцарски национални ознаки, со кое патувал, при што било констатирано дека ВИН бројот на возилото не се совпаѓа со ВИН бројот во сообраќајната дозвола на возилото.
Лицето и возилото биле предадени во СВР Куманово за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава