Во недела, на 4 јуни, на подрачјето на Град Скопје ќе почне првото терестично прскање против комарци.
Дезинсекцијата ќе се спроведува до четврток, 8 јуни 2017, во период од 23:00 до 04:00 часот наредниот ден.
Доколку временските услови не се поволни, прскањето ќе се изврши првиот нареден ден по нивното подобрување.
Град Скопје апелира пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.