Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е вториот финалист на Отвореното првенство на Франција.

Надал во финалето на Гренд-слем турнирот Ролан Гарос се пласира со победата во три сета над Доминик Тим со 6:3, 6:4 и 6:0 по сетови.

Надал, кој е четврти носител на турнирот во своето рекордно десето финале на Гренд Слем турнирите за титулата на Ролан Гарос, ќе се бори со Швајцарецот, Стан Вавринка (3.носител) кој со 3-2 по сетови 6:7, 6:3, 5:7, 7:6, 6:1, го победи светскиот рекет број 1, Британецот, Енди Мареј.

Денеска (15 часот) на програмата на Ролан Гарос е женското финале, а титулата на ќе се борат Романката, Симона Халеп и Јелена Остапенко од Летонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2017 12:27