Во рамките на манифестацијата Улични музичари и артисти, и годинава се реализира проектот „Скопски летен ритам“, на централoто градско подрачје, односно на плоштадите Мајка Тереза пред објектот на Македонска опера и балет, на Плоштад ВМРО, Плоштад Македонија и на Плоштадот Богородица.

Овој проект е под покровителство на Град Скопје, а во организација и реализација на ЈУ Конгресен Центар Александар Македонски – Скопје.

Проектот Скопски летен ритам се одржува на повеќе плоштади на централното градско подрачје и има за цел културно да ги заживее плоштадите преку урбаната култура, односно да се понуди културна содржина која е достојна на една метропола. Програмата е разновидна и богата и има за цел да генерира нова и стара публика преку квалитетна културно-уметничка програма што е наменета за граѓаните и туристите, коишто во летниов период престојуваат во нашиот град.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/06/2017 14:01