На охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“, денеска ќе пристигне првиот чартер лет од Катовице (Полска) со авиокомпанијата „Смол планет ерлајнс“ во организација на најголемиот полски тур-оператор „Рего-бис“.

Како што соопшти ТАВ, на настанот пред присутните најавено е обраќање на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, генералниот директор на ТАВ Македонија Алп Ер Тунга Ерсој, амбасадорот на Република Полска во Македонија Јацек Мултановски и директорката на „Рего-бис“ Габриела Манка Сокулу.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2017 08:12