Владата на Република Македонија на синоќешната седница одлучи да му наложи на Надзорниот одбор на ЕЛЕМ да ја поништи одлуката за распишаната јавна набавка за опрема за ископ на јаловина во висина од 34 милиони евра и за тоа да биде известена.

Во соопштението од Владата се посочува дека оваа одлука е донесена со оглед дека постојат сомневања и за злоупотреби при распишаниот тендер од страна на ЕЛЕМ.

– Владата на Република Македонија ќе поддржи обезбедување сопствена механизација на ЕЛЕМ, наместо долгогодишните користења механизации од надворешни фирми, за што се трошени огромни суми пари на граѓаните, но за конкретниот случај има сериозни индиции за тендерски пропусти и фаворизирања фирми поради што се презема овој чекор, стои во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2017 15:45