Швајцарецот Рожер Федерер ја продолжи доминацијата на турнирот во германскиот град Хале откако денеска во финалето го победи Александар Зверев (Германија) со 2-0 во сетови.

Федерер по деветти пат триумфираше на овој турнир, а мечот го доби за 55 минути.

Првиот сет заврши со резултат 6:1 во гемови за Федерер, а во вториот сет беше 6:3. Со оваа победа, тој му се реваншираше на Зверев за ланскиот пораз во полуфиналето на турнирот.

Федерер турнирот го освои без изгубен сет и ќе добие 500 АТП поени и 400.000 евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2017 12:20