Кингсли Коман, фудбалерот на Баерн од Минхен, е приведен поради наводно насилство во семејството, пренесоа француските медиуми.

Германската полиција го привела Коман бидејќи ја нападнал поранешната девојка. Таа била одведена во болница и, според извештаите, ќе остане неколку дена на прегледи.

Германските медиуми наведуваат дека девојката на Коман поради ќотекот, осум дена не можела да оди на работа.

Коман во септември ќе мора да се појави на суд поради тој напад, пишува „Екип“.

Францускиот фудбалер во Баерн направи трансфер од Јувентус, а пред тоа играше за ПСЖ. За репрезентацијата на Франција одигра 11 натпревари и постигна еден гол.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2017 18:02