Поранешниот чилеански фудбалски репрезентативец Хорхе Валдивија (41) денеска беше приведен поради сексуален напад.

Чилеанското обвинителство ја потврди информацијата за локалните медиуми.

Жена која во неделата вечер била во друштво на Валвидија во ресторан го пријавила во понеделникот наутро за наводен сексуален напад, додека поранешниот фудбалер изјави дека имале консензуален однос.

„Не знам кој е мотивот за овие дела, но категорично демантирам дека сексуално сум нападнал некоја личност“, рече Валвидија.

Поранешниот чилеански фудбалер настапуваше во кариерата за 11 клубови, меѓу кои Коло Коло, Палмеирас и Рајо Ваљекано.

Со репрезентацијата на Чиле, за која одигра 78 натпревари и постигна седум голови, ја освои Копа Америка во 2015 година и беше најдобар асистент на турнирот заедно со Аргентинецот Лионел Меси.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/10/2024 04:52