Премиерлигашот Ливерпул го следи фудбалерот на Борусија Дортмунд, Нико Шлотербек, поради неизвесноста околу иднината во тимот на Вирџил ван Дајк.

Според „CaughtOffside“ во Ливерпул сакаат да го ангажираат 24-годишниот фудбалер следното лето доколку Ван Дајк не го продолжи договорот со клубот. Забележано е дека Ливерпул е подготвен да плати околу 50 милиони евра за Шлотербек.

Ван Дајк претходно изјави дека е во преговори со Ливерпул за продолжување на договорот, но се уште нема донесено конечна одлука по ова прашање. Договорот на 33-годишниот Холанѓанец со тимот е до 30 јуни 2025 година.

Шлотербек за Борусија игра од 2022 година. Оваа сезона тој одигра девет натпревари за клубот од Дортмунд во сите натпреварувања, постигнувајќи две асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/10/2024 00:48