Италијанскиот голман Салваторе Сиригу направи трансфер од ПСЖ во редовите на Торино, каде што на местото прв чувар на мрежата ќе го наследи Англичанецот Џо Харт, кому му истече заемот од Манчестер сити.

Сиригу од 2012 до 2017 година беше член на париските „светци“, но стартното место го изгуби со доаѓањето на Кевин Трап на „Паркот на принцовите“. Триесетгодишниот голман минатата сезона беше на заем во Севилја и во Осасуна, па на крајот одлучи договорно да ја раскине соработката со ПСЖ.

Сега ќе игра во Торино, во којшто тренер е српскиот стручњак Синиша Михајловиќ, чиј клуб не сакаше да му понуди траен договор на англискиот голман Џо Харт.

Харт на почетокот на минатата сезона во тимот на „биковите“дојде од Манчестер сити, каде што на него не сметаше менаџерот Пеп Гвардиола, но сега повторно ќе се врати на „Етихад“ во обид да добие нова шанса.

Сиригу пред да оди во Франција, во Италија играше за Палермо, Кремонезе и Анкона, додека за „аѕурите“ настапи на 17 натпревари во периодот од 2010 до 2016 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2017 18:14