Десеттото издание на фудбалскиот Купот на Конфедерации што се одржува во Русија денеска ќе ја има својата завршница. Во Москва и Санкт Петербург, ќе се одиграат последните два натпревари, дуелот за третото место и финалето.

Во финалето ќе се сретнат селекциите на Германија и Чиле.

Германците кои се актуелни светски шампони во својата историја досега го немаат освоено трофејот во Купот на конфедерации, за кој за првпат ќе се борат и Чилеанците, шампионот на Јужна Америка, кој воедно е и дебитант на ова натпреварување.

Инаку, овие две репрезентации веќе одиграа еден дуел на Купот на Конфедерации и тоа во рамки од 2.коло на Б групата, а мечот заврши без победник 1:1.

Големото финале меѓу Германија и Чиле на програмата е од 20 часот, а ќе се игра во Санкт Петербург.

Претходно во Москва, во терминот од 14 часот, ќе почне натпреварот за 3.место во кој ќе играат европскиот шампион Португалија и првакот на Централна и Северна Америка селекцијата на Мексико.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2017 15:47