Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг е разочаран од ефикасноста на неговите фудбалери на денешниот натпревар со Вест Хем.
Манчестер загуби со 2:1 на гостувањето во Лондон во дуел од деветтото премиерлигашко коло.
- Создадовме многу шанси и одигравме многу добар фудбал, особено во првото полувреме. Одигравме онака како што сакам, тимот да игра со и без топка. Избројав 6-7 стопроцентни шанси кога требаше да постигнеме гол. Треба да бидеме многу поефикасни. Освен за овој елемент немам многу за што да го критикувам тимот. Среќата очигледно не е на наша страна во моментов. Истото беше и минатата сезона, изјави Тен Хаг.
Со 11 освоени бодови Манчестер јунајтед е на 14. место во поредокот во Англискиот фудбалски шампионат